Знаците за опасност на Матка исчезнуваат, но превентивните активности за безбедност на граѓаните продолжуваат, посочува директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
-Предупредувачкиот знак за ризична зона под карпестиот масив близу браната Матка, заедно со сајлата на којашто висеше над езерото близу браната заради напрснатите ризични карпи, исчезнаа по кратко време од неговото поставување. Но, превентивните активности продолжуваат за безбедност на луѓето што би се движеле и во тој ограничен дел од зоната на ризик под напрснатиот карпест масив и на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и на институциите со коишто е во координација, посочи Ангелов.
Во рамки на превентивните активности за ризичната карпа на Матка, после иницирањето од страна на Центарот за управување со кризи и по координативните состаноци и информирање на јавноста, дел од институциите презедоа такви активности, конкретни примарни мерки и чекори за безбедност во зоната на можен ризик.
ЕВН Македонија Електрани постави видливи знаци за посетителите на сите патеки и места каде што во таа мала зона се движат и е можно да се движат луѓе. Беше поставена и сајла над езерото близу браната, со табла за предупредување дека тоа е зона на можен ризики од одрон од напрснати крпи од височината, карпестиот масив, над Браната.
Предупредувачкиот знак за ризична зона под карпестиот масив закачен на сајла над езерото во близина на браната, од едната до другата страна на кањонот Матка, во зоната каде што има опасност за движење, по извесно време исчезна заедно и со сајлата, велат од ЦУК.
ЕВН Македонија Електрани, информираа дека имаат мониторинг во соработка со геолог од Австрија на карпестиот масив над браната, што е дел од нивното изготвување посебен Елаборат за анализа и оценка на стабилноста и функционалноста на браната Матка и придружните објекти што се координира и со Министерството за животна средина и просторно планирање, како и со Комисијата за брани над една деценија.