Цукерберг подготвува сосема нова апликација

од Stefanija Kuzmanovska

Откако неодамна го посети „четот“ на онлајн платформата Clubhouse, шефот на Фејсбук, Марк Цукерберг, според неофицијални информации, одлучил она што таа апликација им го нуди на корисниците да го примени на Фејсбук.

Clubhouse е релативно нова апликација, која се појави во 2020 година. Тоа е аудио „чет“ платформа чиј корисник може да стане само оној што добил повик од некој што веќе ја користи.

Од „Фејсбук“ веќе пристигна информација дека работат на решенија кои на корисниците ќе им понудат нови начини на комуникација, а сега како продолжение на таа приказна доаѓа веста дека станува збор за аудио формат, кој „Фејсбук“ планира да го примени во рамките на своите услуги и апликации.

Неофицијалните информации сугерираат дека „Фејсбук“ им дал инструкции на своите софтверски инженери да започнат да работат на апликација која ќе биде слична на Clubhouse. Работата на проектот е на самиот почеток, така што сигурно ќе биде потребно многу време додека не се појави првата „употреблива“ верзија на апликацијата.

Патем, самиот Clubhouse успеа да предизвика многу полемики за кратко време, бидејќи содржината на платформата не е модерирана, односно нема контрола врз тоа што објавуваат корисниците. Покрај тоа, новата мрежа, меѓу другите, привлече и многу познати личности, па во неа се вклучени Опра Винфри, Ештон Качер, раперот Дрејк и Eлон Маск.

Слични содржини