Цветковски: Ако станам градоначалник на Охрид, покрај македонското ќе се вее и знамето на Бахреин

од Nikola Popovski
1,K прегледи

Ве-це нема во градот. Едукацијата во гостопримство нема како порано. Вода нема во езерото, ќе ја вратите ли водата? вели Гоце Цветковски, кандидат на ТМОРО за градоначалник на Охрид, кој го привлече вниманието на јавноста откако пред некој во дебатна емисија фрлаше со вегета кон своите противкандидати.

Според него, граѓаните бараат брод за чистење на езерото.

-Цело купатило извадија од внатре. Проблемот е што ќе го пропуштиме УНЕСКО уште во првата година. На конец сме, додава Цветковски во емисијата „„Локални избори 2021“ на МРТ 1.

Тој рече дека доколку победи на изборите и стане градоначалник, покрај македонското знаме ќе се вејат знамиња на сите граѓани што живеат во градот.

-Имам другар од Бахреин, така да и неговото знаме ќе се вее низ градот, вели Цветковски.

Слични содржини