Цветковски: Успеавме да им замеме 10-15 % од гласовите

од Берта Китинска

Кандидатот за градоначалник од ТМРО, Гоце Цветковски во првиот круг од локалните избори освои 1 376 гласа, недоволно за учество во вториот круг од изборите.

-Уцени и закани, погрешни непостоечки избирачки локации, со непостоечки броеви на изборно место, 1363/1 во Охрид не успеавме да го лоцираме! И покрај сите овие сомнежи за нерегуларности во изборниот процес, успеавме да им замеме 10-15 %, што на национално ниво би биле околу 100 000 -120 000 луѓе, ако не и повеќе со ваша помош! Се гледаме на Парламентарни, напиша Цветковски, по вчерашните објавени резултати.

Според последните официјални резултати објавени од страна на Државната изборна комисија кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Кирил Пецаков освои 14.380 гласа односно процентуално 48,54%. Кандидатот од СДСМ и коалицијата Константин Георгиески освои 12.460 гласа односно 42,05%, Гоце Цветковски освои 1.376 односно 4,64% гласа.

Слични содржини