Српската ракометарка и поранешен член на ЖРК Вардар, Драгана Цвијиќ е огорчена поради ситуацијата во која се наоѓаат нејзините соиграчи.
Цвијиќ отсуствува од настапите за српската репрезентација на Европското првенство поради операција на коленото, а особено е револтирана поради повредата на Андреа Лекиќ.
„Тие отидоа на шампионатот ден пред да започне, поради нечија грешка! Беа во карантин три дена, не им беше дозволено да ја напуштат просторијата, без тренинг, тактика, терапија, излегоа на теренот и го победија светскиот шампион. Гго отворија првенството како што секој би посакал“, изјавила Цвијиќ.
Драгана Цвијиќ, која во минатото беше лидер на генерацијата со својот фанатизам, не застана тука.
„Секако, поради сето горенаведено, Андреа Лекиќ беше повредена, се прашувам чија е вината, дали некој ќе одговара за сè што им направите со денови!? Им забранивте да живеат, дишат, дружат, но не им забранивте да се борат! Никогаш никој нема да им го одземе тоа, затоа што ние сме родени со тоа, не се учи, се раѓаш со вакватврдоглавост и карактер. За мене сте златни, најдобри на светот. Србија, биди горда овие девојки! Ви благодарам“, напишала Цвијиќ на Инстаграм.