Тренерот на Јувентус, Игор Тудор, ќе продолжи да го води тимот за време на Светското клупско првенство во лето. Ова го тврди агентот на хрватскиот стручњак.
Тренерот успеа да ги квалификува гигантите од Торино за Лигата на шампионите откако беше назначен на позицијата во март.
„Радоста на Тудор се роди од остварената цел за квалификација во Лигата на шампионите“, изјави неговиот агент Антони Сериќ за „Скај Спорт Италија“.
„Игор има одличен однос со Џунтоли и сите членови на клубот. Тој ќе ја исполни својата обврска да го води тимот на Светското клупско првенство. Тој нема да влијае на изборот на нов тренер од страна на раководството, но се надева дека ќе го води тимот следната сезона. Работеше со голема страст и професионализам во последните месеци, покажувајќи колку е близок неговиот однос со Јувентус“, додаде менаџерот.