Тудор во проблеми: ова е најголемиот фаворит за преземање на Јувентус

од Марта Пешевска
20 прегледи

Португалскиот фудбалски стручњак Марко Силва (47) е главен кандидат за нов тренер на италијанскиот гигант Јувентус. Во моментов, клубот го предводи хрватскиот стручњак Игор Тудор, кој го презеде кормилото на крајот од март. Италијанските медиуми јавуваат дека се уште не е сигурно кој ќе ја води „Старата дама“ од Торино следната сезона. Иако Тудор доби продолжување на договорот за уште една година откако обезбеди место во Лигата на шампионите, се поставува прашањето дали челниците на Јувентус ќе одлучат да го задржат. Некои италијански извори сметаат дека е тешко Тудор да остане на клупата на Јувентус.

Прв избор на клубот беше Антонио Конте, но тој реши да остане во Наполи. Исто така, Џан Пјер Гасперини, кој претходно ja водеше Аталанта, се пресели во Рома. Сега, како главна опција се споменува Марко Силва, кој од 2021 година е тренер на лондонски Фулам. Претходно, Силва работеше во Евертон, Вотфорд, Олимпијакос и Спортинг. Јувентус ќе мора да донесе важна одлука во наредните недели за иднината на тренерската позиција.

Слични содржини