„Како Судски совет сметаме дека нашата одлука е правилна и праведна. Дали е таа вистински така, дали е одмерена и соодветна за обвинителството, тоа се прашања на кои одговор ќе дадат повисоките судови. За мене лично е неприфатлива онаа политичка еуфорија и геополитички триумфализам по објавата на пресудата за Мијалков“, изјави за емисијата „Трилинг“, судијата Владимир Туфегџиќ.
Спред него, тие не направиле ништо што е невообичаено.
„Ние како Судски совет не постапуваме како истражен орган. Значи надлежното ЈО нас како Судски совет со ништо не ни најави дека постојат индиции или опасност од бегство на Мијалков“, вели судијата, додавајќи:
„Точно е дека се стекнува впечаток дека се случило нешто несекојдневно, дека се случило нешто што досега е невидено. Општ е впечатокот дека наеднаш лицето се појави, меѓутоа одговорите треба да ги даде независната истрага“.