Туфегџиќ: Сите носиме политичка одговорност за Законот за спречување и заштита од дискриминација

од Vladimir Zorba
296 прегледи

„Неизмерно жалам за одлуката на Уставен Суд да го укине Законот за спречување и заштита од дискриминација. Јасно е дека нема ништо од моето лично жалење, земајќи предвид дека активистите работеле, се бореле, лобирале и убедувале за важноста и нужноста на овој закон повеќе од 10 години“, пишува пратеничката Ивана Туфегчиќ на својот Фејсбук профил.

„Водењето на седницата, констатирањето дали мнозинството е доволно или не, води само и исклучиво Претседателот на Собранието, кој во тој момент имаше поинакво толкување на уставната одредба и потребното мнозинство, и покрај реакциите на неколку пратеници. Сепак, секој од нас со обавувањето на функциите за кои сме избрани, има политичка одговорност и поради тоа лично можам само длабоко да се извинам.

Таа одговорност не може и не смее да биде префрлена на луѓе кои не се занимаваат со политика, туку професионално се занимаваат со функционирањето на институцијата Парламент, тоа би било затскривање. Се надевам дека пратениците кои повторно ќе добијат мандат, а беа дел од групата која лобираше и се бореше за овој закон, ќе добијат максимална политичка поддршка овој закон, на почетокот на работата на новиот состав, да биде донесен во најбрз можен рок“, додава Туфегџиќ.

Слични содржини