Туфегџиќ: Денес првпат дознавме дека во критичниот момент двајца вработени во Комуналец биле пред зградата на Вања

од Nikola Popovski
542 прегледи

Одбраната на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, изјави пред медиумите дека на денешните сведочења се изнесени нови моменти. Адвокатот Владимир Туфегџиќ смета дека исказот на сведокот и началникот Дејан Димовски е дека однесувањето на Александар му останало само на ниво на сомневање и дека не обезбедил релевантен доказ кој би водел во насока за да биде обвинет.

-Денеска првпат дознаваме дека од еден од видео-записите, имало двајца вработени во Комунална хигиена кои утрото во критичниот момент, биле пред зградата на ул. Наум Наумовски-Борче, кога возилото се појавило. Не знам дали е направен обид да се стапи во контакт со нов. Не би можел да издвојам нешто кое би било во насока на обвинување на Александар. Исто ново е за мене е дека наводно Вања имала некаков обид да се самоповреди заради кавга со родителите. Немам ваква информација. Родителите вакво нешто не истакнале. Има контроверзии во исказот. Ќе вложиме приговор, рече адвокатот, откривајќи дел од денешното сведочење за денот кога малата Вања била грабната.

За виртуелното момче од Шведска кое на профил имало знамиња од ИСИС, со кое Вања се допишувала преку социјалните мрежи, Туфегџиќ информира дека тоа е дете кое имало 14 години, а не возрасен човек.

-Ова што им го дале Александар и Гоце е клучниот момент на поврзување на двата настани и можност за откривање. Да не биле вклучени двајцата, Вања и Панче се уште ќе се водеа за исчезнати, додаде одбраната на Александар Ѓорчевски.

Слични содржини