Туфегџиќ: Не е предвидено разрешување на претседател на Советот

од Vladimir Zorba
246 прегледи

Адвокатот Владимир Туфегџиќ вечерва изјави дека не е предвидена процедура за разрешување на претседател на Судскиот совет.

-Согласно законот, точно е дека нема и не е предвидено разрешување на претседател на Советот, а факичката состојба е дека избраниот претседател нема мнозинство кое го загуби со седум гласа. Во вакви околности, тој претседател и ако продолжи да заедава со седниците на Судскиот совет, за ниту една точка нема да има потребно мнозинство. Процедура за разрешување на претседател не е предвидена, рече Туфегџиќ во емисијата 24 Отворено на ТВ 24.

Адвокатот потенцира дека ако не се преземат мерки за оваа состојба во која се наоѓа Судскиот совет „авторитетот на Врховниот суд ќе влијае да се надминат овие состојби“.

Слични содржини