Туфегџиќ за случајот „Токсикологија“: Мој роднина поживеа повеќе благодарение на третман кај еден од обвинетите лекари

од Nikola Popovski
128 прегледи

Адвокатот на еден од обвинетите во судскиот процес за „Онкологија“, Владимир Туфегџиќ информира дека одбраната ја гради врз основа на што упатува медицинското казнено право и под тоа спаѓаат само поведенија кои значат грубо прекршување на медицинските правила и отстапување од протоколите за лекување. Според Туфегџиќ, тоа за неговата клиентка не е случај.

Адвокатот вели дека вештачењата се проблематични и за обвинетата наведуваат дека начинот на лекување не влијаел и не допринел за влошување на здравствената состојба која како последица предизвикала смрт кај пациентот. Тоа е опис на обвинението за неа, вели Туфегџиќ.

-Мојот клиент е под режим на обвинителен предлог и во тој дел доказите не биле предмет на оценка, а доказот е обезбеден во текот на вчерашниот ден. Бараме податоци и за докторот кој го изготвил вештачењето во Србија дали евидира во евиденција на вешти лица. Обвнинението содржи процесни пропусти кои се од апсолутен карактер. Веќе го најавивме нашето вештачење, рече Туфегџиќ пред новинарите.

Според него, овој предмет има посебна тежина бидејќи негов близок роднина почина од оваа болест и тој беше кај лекарката на третман, иако по првичната дијагноза му беа дадени прогнози ќе поживее уште шест месеци, благодарени на третманот, поживеа 2,5 години, можеби и повеќе. Адвокатот вели третманот не се разликува од она што денеска го имаат како предмет на обвинение.

Во Кривичниот суд Скопје денескаше треба да почне судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и тројца лекари за несовесно лекување пациенти. Сепак, еден од обвинетите не се појави на рочиштетот поради влошена здравствена состојба.

Првообвинетиот, Васев како директор на клиниката, во соизвршителство со друг лекар се товари за тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување болни.

Во Обвинителниот акт стои дека со медицинските вештачења е утврдено дека кај 29 пациенти првообвинетиот применил очигледно неподобен начин на лекување и спротивно на тековните онколошки упатства. Со отстапувања во дозирањето и во фазата на лекување, давал лекови од новите генерации со што тешко го нарушил здравјето на пациентите.

Слични содржини