Томас Тухел воопшто не беше среќен и прилично остро зборуваше за коментарите на Тимо Вернер. Германскиот напаѓач го постигна првиот гол во ерата по Роман Абрамович во првата контрола на тимот во победата од 2-1 над Клуб Америка, а веднаш потоа одби да им ја посвети својата долгорочна иднина на „сините“ бидејќи објасни дека сака да игра повеќе, за да биде во добра форма за претстојното Светско првенство во Катар.
Сепак, тој поради повреда на коленото ја пропушти втората контрола против Шарлот која заврши 1:1, а Американците триумфираа на пенали. Веднаш по средбата, Тухел застана пред камерите и многу јасно кажа какво е неговото мислење за оваа тема.
„Изненаден сум бидејќи ќе бидам многу среќен ако сум млад човек и имам договор со Челси. Ќе бидам еден од најсреќните луѓе на планетата ако имам договор со Челси и не го разбирам ако го кажал тоа. Ќе ја добие потребната минутажа кога ќе покаже квалитет што му е потребен за да го заземе тоа место и да го одбрани. Дали се вклопува во моите планови? Секако, тој е наш играч“, категоричен беше Германецот.