Тухел: Бевме блиску до гол, судијата ни се извини по натпреварот

од Vladimir Zorba
153 прегледи

Тренерот на Баерн, Томас Тухел, ги обвини судиите за елиминацијата на клубот од Минхен во полуфиналето од Лигата на шампионите и истакна дека полските судии му се извиниле на неговиот тим по мечот со Реал, пренесуваат германските медиуми.

Реал синоќа во Мадрид го победи Баерн со 2:1 во реванш полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите. Клубот од Мадрид се пласираше во финалето на Лигата на шампионите, бидејќи беше 2:2 во првиот полуфинален натпревар од најквалитетното европско клупско натпреварување одигран минатата недела во Минхен.

Во Баерн тврдат дека полските судии на чело со главниот судија Шимон Марчинијак го оштетиле германскиот клуб.

Слични содржини