Менаџерот на Челси, Томас Тухел вели дека се уште нема изградено мислење за Суперлигата, но дека ги разбира бурните реакции на мнозинството од јавноста.
Челзи е еден од 12-те клуба кои ја основаа Суперлигата, чија идеја е да се оддели од натпреварувањето на УЕФА и да организира лига на најдобрите европски тимови.
Веста дека тоа ќе се случи го разбранува светот и подели мислења. Германецот, засега, нема јасна позиција.
„Да имав јасно мислење, ќе го искажев, но рано е да се суди за тоа. Има многу мислења во јавноста“, рекол Тухел и додал:
„Разбирам дека има многу емотивни реакции, но искрено не знам доволно за да судам. Не знам детали. Јас не учествував во донесувањето одлуки, а ниту моите играчи“.
УЕФА објави суспензија за сите учесници, па останува прашањето како ќе заврши оваа сезона. Челзи избори пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите
„Јас сум вработен во овој клуб и верувам во клубот. Мојата работа не е толку важна во сè и затоа можеби не сум вистинската личност за таа тема“, потенцирал Тухел.