Тухел главен фаворит за селектор на Англија, тврди „Скај Спортс“

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Фудбалската асоцијација (ФА) на Англија преговара со претставници на германскиот селектор Томас Тухел за негово евентуално назначување на чело на фудбалската репрезентација на земјата, пренесе „Скај Спортс“.

Според медиумите, по поразот на Англичаните со 1:2 од Грција во третото коло од Лигата на нации, здружението ја забрзало потрагата по нов селектор.

Претходно ФА го покани Пеп Гвардиола од Манчестер Сити да го води националниот тим. Бидејќи 53-годишниот стручњак не брза да даде одговор, тој во моментов не се смета за главен кандидат.

„Скај Спортс“ тврди дека главен избор на Фудбалската асоцијација е Тухел. 51-годишниот Германец би можел да биде назначен што е можно поскоро, иако многу детали од неговиот договор допрва треба да се договорат.

Последен пат работеше во Баерн Минхен, но си замина на 30 јуни оваа година. Под негово водство, Баварците станаа шампиони на Германија во сезоната 2022/2023.

Слични содржини