Тухел и Гвардиола во ОФАНЗИВА: Левандовски пред заминување од Баерн

од Vladimir Zorba
209 прегледи

РОБЕРТ ЛЕВАНДОВСКИ ова лето би можел да го напушти Баерн, пренесе „ЕСПН“.

Челси и Манчестер Сити се многу заинтересирани за 33-годишниот полски напаѓач, добитник на наградата за најдобар фудбалер на светот за 2020 година. Левандовски има договор со Баерн до 2023 година и германскиот шампион бара 60 милиони евра за него.

Левандовски претходно тврдеше дека ќе ја заврши кариерата во Баерн, но интересот за Премиер лигата може да го принуди да се предомисли.

Во Челси го сакаат Левандовски по тешката дебитантска сезона на Тимо Вернер во Лондон, а во Сити во репрезентативецот на Полска гледаат наследник на Серхио Агуеро, кој по 10 години го напушта Манчестер.

Интерес за Левандовски покажа и ПСЖ, но тој трансфер може да се случи само доколку Килијан Мбапе го напушти Париз.

Левандовски оваа сезона постигна 36 гола во Бундеслигата и е близу до рекордот на легендарниот Герд Милер во сезоната 1971/72. постигна 40 гола.

Слични содржини