Тухел ќе го наследи Дон Јуп во Баерн?

од Vladimir Zorba
252 прегледи

Тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хајнкес го посочи поранешниот тренер на Борусија Дортмунд, Томас Тухел како идеален негов наследник. На крајот на сезоната, 72-годишниот Хајнкес ќе ја напушти функцијата, кој ја презеде вонредно порано оваа сезона, по отказот на Карло Анчелоти.

Тухел пак е без работа од летото на 2017 година, кога ја напушти Борусија по две сезони во кои го освои Купот на Германија еднаш и ги рангира „жолто-црните“ за четвртфиналето во Лигата на шампионите.

“Мислам дека Тухел ги има квалитетите да стане тренер на Баерн“, изјави Хајнкес пред „Билд“.

„Го почитувам она што постигна уште во Мајнц, кога се избори на неговиот пат од академијата на тимот до првиот тим. Ова е скала по која мора да помине секој тренер – да го најдеш вистинскиот пристап кон секој и начини на кои да се справиш со различните луѓе“.

„Под негово раководство Борусија играше одличен фудбал, а тој изгради одличен систем. Сите модерни елементи на играта присуствуваа во него. Тој стигна до второто место во Бундеслигата, го освои Купот на Германија и играше атрактивен фудбал. Затоа многу го почитувам и го сметам за многу добар тренер“, рече Хајнкес.

„Според мене следниот тренер на Баерн задолжително треба да биде Германец. Раководството знае што е најдобро за клубот и мислам дека сфатија дека со германски тренер е најдобро, бидејќи така се задржува идентитетот на Баерн“, рече уште специјалистот .

Слични содржини