Тухел: Лукаку не носи само талент, туку верба и го намалува притисокот од другите играчи!

од Vladimir Zorba

Тренерот на Челси, Томас Тухел изјави дека напаѓачот Ромелу Лукаку е тип на фудбалер што му недостасуваше на лондонскиот клуб, откако Белгиецот беше стрелец на натпреварот против Зенит во Лигата на шампионите.

– Настапот на Ромелу не беше лесен. Не му дадовме многу можности, но тој е тип на играч кој не губи самодоверба и верба. И затоа е напаѓач од прва класа. Тој е исклучително важен. Немате многу напаѓачи со неговиот квалитет – рече Тухел, пренесе „Скај“.

Лукаку летово се врати во Челси од Интер, за кој постигна четири гола на четири натпревари, вклучувајќи го и победничкиот, во вторникот вечерта против Зенит од Санкт Петербург (1: 0), на почетокот на натпреварувањето во Лигата на шампионите.

– Победувавме без Лукаку и имавме резултати. Но, тој е тип на играч што ни недостасуваше, не само поради неговиот талент, туку и поради неговата личност. Тој е толку скромен, одлично комуницира во соблекувалната и создава одредена енергија околу себе во тимот со кој се гордееме – изјави Тухел.

– Духот и атмосферата од минатата сезона не однесоа далеку и важно е повторно да го имаме. Тоа го имаме со Ромелу, тој знае што е овој клуб – додаде тренерот на лондонскиот клуб.

Лукаку запиша четири од вкупно шест удари кон противничкиот гол за тимот.

– Нема многу голови во фудбалот, а головите го менуваат текот на играта. Целиот тим верува дека му е доволна една шанса за да постигне гол. Лукаку не носи само талент, туку верба и го намалува притисокот од другите играчи. Тој не ја губи самодовербата, тој е на многу високо ниво и ние сме среќни што е со нас – додаде тој.

Тухел рече дека генерално е задоволен од играта на тимот против Зенит.

– Тоа беше тежок натпревар против тежок противник. Моравме да бидеме сконцентрирани во одбраната, бидејќи Зенит има квалитетни напаѓачи – изјави тој.

Слични содржини