Тренерот на Баерн (Минхен), Томас Тухел уште еднаш беше категоричен дека ќе го испочитува договорот со клубот и по завршувањето на сезоната ќе ја напушти „Алијанц Арената“.
Затоа, тој повторно ја отпиша можноста да ги води Баварците во следната сезона и покрај нивните сериозни тешкотии да го најдат неговиот наследник.
„Многу, многу, многу мала е веројатноста дека ќе бидам во Баерн следната сезона. Имаме договор и немам причина да се сомневам во овој момент. Ние го зазедовме овој став, а иницијативата дојде од клубот. Така е и јас сум во ред со тоа. Не треба да останам само поради мојот натпреварувачки дух затоа што секогаш размислувам за победа, како и за тоа како да го подобрам мојот тим или себеси. Можеби ќе паузирам следната сезона без разлика дали ќе ја освоиме Лигата на шампионите, да видиме што ќе се случи“, изјави Тухел за „ТНТ Спортс“.
Тој ги коментираше и надежите на Баерн за освојување на Лигата на шампионите, каде што вечерва тимот има полуфинале против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.
„За жал, ова ни е последна шанса да освоиме трофеј, но мислам дека тоа не прави погладни за успех. Ова е најубавиот, но и најтешкиот турнир. Кога си во полуфинале и е време за реванш, имаш работа. Значи, работите се прилично јасни и вие сте чекор поблиску до целта. Мислам дека двете екипи ќе дадат се од себе. Двата тима се фокусирани и целосно будни, се е можно“, додаде германскиот специјалист.