Тухел: На Челси му требаат повеќе засилувања

од Vladimir Zorba

На Челси му требаат уште нови засилувања, дециден беше менаџерот на лондончани, Томас Тухел. Досега „сините“ ги доведоа Калиду Кулибали и Рахим Стерлинг.

„Скај Спортс“ тврдат дека Челзи бил меѓу кандидатите за трансфер на Матијас де Лихт, кој на крајот ја преферирал понудата на Баерн Минхен. Така Тухел е принуден да се сврти кон друг дефанзивец и лондончани во моментов преговараат со Севиља за Жил Кунде.

„Сакаме да го засилиме тимот со уште неколку луѓе“, изјави Тухел.„Минатата година завршивме на третото место, но на сериозна дистанца од лидерите. Потребно е подобрување бидејќи постои опасност другите да не престигнат. Загубивме некои играчи и сосема е нормално да сакаме да најдеме нивни замени“, вели тој.

„За секој менаџер е подобро да ги најде овие играчи во домашната лига, бидејќи така полесно се адаптираат. За Рахим нема никакви тајни во англискиот фудбал, а освен тоа, тука има и соиграчи од репрезентацијата. Калиду го знае и Менди од репрезентацијата и играше со Жоргињо во Наполи, па и кај него треба да се забрза адаптацијата“.

Слични содржини