Тухел: Не го обвинувајте Кепа за поразот, туку мене

од Vladimir Zorba
270 прегледи

Менаџерот на Челси, Томас Тухел, ја поддржа неговата одлука да го пушти голманот Кепа Арисибалага да брани за време на пеналите против Ливерпул во финалето на Карабао купот. Целиот меч на голот на „сините“ беше Едуард Менди, кој забележа неколку одлични одбрани.

Сепак, тренерот реши да го замени со соиграчот од Шпанија, надевајќи се дека е подобар во бранењето пенали. Неговата идеја доживеа неуспех, бидејќи Кепа не одбрани ниту еден пенал, а како капак го промаши последниот удар од белата точка и со тоа му ја „подари“ победата на противникот.

„Играчите знаат дека сме го правеле тоа и порано. Но, грешки се случуваат. Јас правам грешки, Еду направи грешка што можеше да резултира со одлучувачки гол. Ако сакате да обвините некого, обвинувајте ме мене. Јас ги носам одлуките, и не го правам тоа за да бидам херој. Имав мои причини и се обидов да ги објаснам. Не правам ваква промена за прв пат. Денеска моравме да изведеме 11 пенали за да го одредиме победникот. Ако треба да обвините некого, обвинувајте ме мене, не e проблем“, рече Тухел.

„Кепа се чувствува лошо и сочувствуваме со него, но не го обвинуваме за поразот. Решив да го пуштам во игра, како и во претходното финале, бидејќи тој тренира многу напорно и моите играчи знаат колку е добар. Едноставно има повеќе време да тренира на пенали во споредба со Еду кој игра повеќе. Сите знаат колку е добар Кепа и колку е тешко да му се даде пенал. За жал, денеска не успеа да одбрани ниту еден удар, но и противникот одлично ги изведе неговите удари. На крајот беше многу тажно што го промаши последниот пенал, но не можам за ништо да го обвинам “, додаде Германецот.

Слични содржини