Тухел: Не сме подготвени за почетокот на сезоната, но и не мора да бидеме

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Челси, Томас Тухел, призна дека е загрижен за првиот натпревар од сезоната во Премиер лигата.

„Сините“ ја отвораат кампањата во сабота на гостувањето кај Евертон, а тренерот не е убеден дека неговите избраници се во оптимална кондиција за овој меч по исцрпувачкиот претсезонски камп.

„Тоа беше доста долга претсезона. Беше доста заморно и исцрпувачко за нас да поминуваме толку многу време во САД и постојано да патуваме. Овие околности бараат многу од играчите. Отсега се подготвуваме само за првиот меч со Евертон. Сезоната тропа на вратата. Има позитивни нешта, но има и многу за подобрување. Не сме подготвени, но не мора да бидеме. Имаме уште една недела да стигнеме до оптимално ниво. Секогаш е убаво кога започнува сезоната. Имаме уште неколку дена, па имаме време“, изјави Тухел.

Слични содржини