Тухел: Не сум единствениот проблем на Баерн

од Vladimir Zorba
230 прегледи

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, објасни дека тој не е единствено одговорен за лошата форма на германскиот шампион и се надева дека одлуката на клубот да се раздели со него на крајот од сезоната ќе му даде повеќе мир на умот и на играчите за остатокот од кампањата.

На почетокот на оваа недела, Баварците решија да ја прекинат соработката со Тухел на крајот од актуелниот шампионат и покрај тоа што неговиот договор трае до 2025 година. Баварците се во серија од три порази во сите натпреварувања.

„Никогаш не сум почувствувал дека ние како стручен штаб престанавме да ја вршиме нашата работа со тимот. Имаме одредено несогласување и тренерот е одговорен за тоа. Мислам дека не сум единствениот проблем, но јас ја преземам одговорноста Долго време не сум задоволен од начинот на кој играме. Сега имаме нова ситуација, но таа е решена и веќе соопштена. Мислам дека не сум единствениот проблем“, изјави Томас Тухел за медиумите.

Баерн Минхен, кој освои 11 последователни титули во лигата, е втор во Бундеслигата, со осум бода помалку од лидерот Баер Леверкузен.

„Не е важно дали ја разбирам одлуката на клубот или дали сум задоволен со неа. Сега има јасност. Тоа носи слобода и тоа е добра работа. Тоа помага на натпреварите и тренинзите. Важно е да се има слобода за тренерот. Не треба да размислувате за долгорочните последици од вашиот избор. Можете да бидете малку понепромислени“, објасни Тухел на прес-конференцијата во пресрет на саботниот натпревар против РБ Лајпциг во првенството.

Стручњакот ја презеде тренерската функција во Баерн во март 2023 година од Јулијан Нагелсман со многу високи очекувања, но претрпе бројни неуспеси за време на неговиот престој во Минхен.

Слични содржини