Тухел: Обамејанг не се плаши од „деветката“ во Челзи

од Nikola Popovski
211 прегледи

Фудбалскиот тренер на Челзи, Томас Тухел, изјави дека новиот напаѓач на „Сините“ Пјер-Емерик Обамејанг не се плаши од бројката девет, која многумина ја сметаат за „проколната“ во лондонскиот клуб.

Самиот Тухел неодамна проговори за опседната деветка на Челзи, а Обамејанг очигледно не го исплашиле приказните на британските медиуми и навивачите.

Бројот девет на грбот не донесе среќа на „Стемфорд Бриџ“ за стрелците како Фернандо Торес, Радамел Фалкао, Гонзало Игуаин, Алваро Мората и Ромелу Лукаку.

„Обамејанг не се плаши од минатото и од сето она што го носи тој број. Тој е подготвен да ја напише својата историја, а земањето на бројот девет покажува колку е храбар. Ако сака да го скрши проклетството на бројот девет или ако сака во Лондон да докаже дека е подобар отколку што мислат некои. Го познавам како личност која е фокусирана и со отворено срце и која е среќна на теренот секој ден. Токму тоа го сакавме, позитивно влијание врз групата“, изјави Тухел на прес-конференцијата во пресрет на натпреварот од Премиер лигата против Вест Хем.

Пјер-Емерик Обамејанг во последниот ден од преодниот рок дојде во редовите на Челзи, а англискиот клуб за него на Барселона ѝ плати 14 милиони евра.

Слични содржини