317
Фудбалерите на Челси го освоија Суперкупот на Европа, откако по пенал серија го победија Виљареал со 7: 6.
Херој на триумфот беше резервниот голман на „сините“ – Кепа Аризабалага.
Кепа одбрани два пенали против играчите на Виљреал.
Одличниот германски стручњак Томас Тухел направи маестрален потег пред да изведување на пеналите, откако реши да го замени голманот.
По натпреварот, Германецот откри дека одлуката не била спонтана.
„Не беше спонтано. Разговаравме за тоа со голманите по натпреварот со Барнсли. Се потпиравме на статистиката. Бевме добро подготвени“, рече Тухел.