Германскиот стручњак, Томас Тухел зборуваше за реформата во Лигата на шампионите што ќе се случи, и ја спореди со Суперлигата, која траеше дури 48 часа.
– Не сум сигурен дека ми се допаѓа таа реформа во Лигата на шампионите. Сè што гледам е дека ќе играме повеќе натпревари и тешко е да бидам возбуден поради тоа. Сите приказни за Суперлигата нè натераа да заборавиме на промените во Лигата на шампионите. Дали УЕФА воопшто разговараше со тренерите и играчите? Јас не мислам така. Имаме толку многу нови формати, тука е и Лигата на нации – рече Тухел.
Тој продолжи да зборува за промените во фудбалот.
– Важно е само да се игра што е можно повеќе. Тоа не е квалитет, тоа е само повеќе натпревари. Во исто време, имаме право на само три измени во Премиер лигата, која е најтешката лига – заклучи германскиот стручњак.