Менаџерот на Челзи, Томас Тухел бил вознемирен бидејќи новинарите го прашале за нападот на Русија врз Украина.
Германскиот фудбалски стручњак одговараше на прашања пред натпреварот помеѓу Челзи и Лутон во ФА Купот.
Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович се повлече од раководството на „сините“, а извесно време пред војната имаше административни проблеми со британските власти.
„Колку пати треба да кажам? Страшно е, се разбира дека е ужасно, не може да има поделба на мислењата за тоа. Сите во Европа имаат право на глас и мислење, но јас и вие се уште се трудиме да си ја завршиме работата, рече тој видно иритиран.
Како што се „загреваше“ атмосферата на крајот од конференцијата, Германецот го прекина новинарот кој се обидуваше да праша за ужасите на војната.
-Слушај, застани. Мора да престанеш. Јас не сум политичар, застани, навистина. Не сакам да се повторувам, не сум доживеал војна, ја имав таа среќа и тука сум на мир. Работам најдобро што можам и повеќе нема да одговарам на тие прашања, немам одговори за вас, рече Тухел.