Тухел се разбрал за сите детали со ПСЖ

од Vladimir Zorba
177 прегледи

Томас Тухел во пракса е новиот тренер на ПСЖ, пишува Би-Би-Си, цитирајќи извори од Германија.

44-годишниот специјалист сигурно го презема клубот од летото, откако веќе се разбрал со раководството на тимот за двегодишен договор со опција за трета.

ПСЖ имаа апетити кон тројца тренери, а останатите двајца се Јирген Клоп и Пеп Гвардиола, но тимот со колку и пари да располага, невозможно е да привлече ниту еден од двајцата, бидејќи тие немаат желба да ги напуштаат Ливерпул и Манчестер Сити.

На крајот шефовите на ПСЖ се одлучија на поранешниот тренер на Борусија (Дортмунд) и очекувањата кон него се тој да го изведе тимот до успеси во Европа, откако Унаи Емери не успеа да го стори тоа.

Според најновите информации, тој имал неколку разговори со париските шефови и ги убедил дека неговите активности може да доведат до сериозен успех на тимот во иднина.

Слични содржини