172
Томас Тухел е очигледно еден од најзборуваните тренери во последниве недели. Пред неколку дена „Kicker“ информира дека поранешниот тренер на Борусија (Дортмунд) го одбил Баерн (Минхен), бидејќи веќе се разбрал со Арсенал. Денес, пак, во Шпанија се појави гласина дека и Атлетик Билбао подготвува понуда за Германецот. Пари Сен-Жермен е исто така еден од кандидатите за Тухел.
Во позадина на сето ова, Football London тврди дека минатиот викенд Тухел бил во англиската престолнина, за да разговара со Марина Грановскаја, најдоверливото лице на сопственикот на Челзи, Роман Абрамович.
До овој момент како фаворит за функцијата на Антонио Конте беше сметан Луис Енрике. Меѓутоа, и други кандидати се интервјуирани од шефовите на „Стемфорд Бриџ“.