Тухел за Белингем: Му треба помош!

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Новиот селектор на Англија, Томас Тухел, изјави дека играчот од средниот ред Џуд Белингем треба да биде малку подисциплиниран за да го достигне својот целосен потенцијал.

21-годишниот играч на Реал Мадрид веќе има 41 настап за Англија, постигнувајќи шест голови. Во петокот, тој асистираше за првиот гол на „трите лава“ во победата од 2-0 над Албанија на почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 година во Мексико, САД и Канада. Во понеделник англискиот тим е домаќин Летонија.

„Џуд е секогаш подготвен да даде се за националниот тим, но и ние мораме да му помогнеме. Нашата игра мора да биде таква што тој може да има влијание, но и да ја зачува својата енергија. Тој е еден од лидерите на нашиот тим и мораме да се погрижиме сите да се движиме во иста насока за да можеме полесно да си помагаме еден на друг. Тој е многу емотивен играч. Секогаш разговара со судиите. Кога е на теренот гледате дека мрази да губи. Затоа го прави сето ова“, изјави селекторот на Англија.

Слични содржини