Еден ресторан може да ги исполни вашите соништа

Од ресторанот ви ветуваат хамбургери до крајот на животот, а вие за возврат треба да направите само една ситница.
Синџирот ресторани за брза храна од Австралија, “Mr. Burger”им нуди на луѓето шанса да заработат бесплатни хамбургери до крајот на животот, ако го промените семејното презиме.
Првите десет лица, кои легално ќе го сменат своето презиме на Burger (да станат г-дин или г-ѓа Бургер) и испратат заверена копија до управата на синџирот ресторани до 31 јули ќе можат во текот на целиот свој живот да уживаат во бесплатните им хамбургери.
Всушност, количината хамбургери не е неограничено, но седум хамбургери неделно е целосно пристојна бројка. Исто така, треба да сте наполниле 18 години и живееете во Австралија.