Тунберг на блокадата на Кожуф: Сите борби против уништувањето на природата се поврзани

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Познатата шведска активистка за климатски права, Грета Тунберг денес беше на блокадата на планината Кожуф, во поддршка на локалните еко-активисти кои се против изградбата на мала хидроцентрала на реката Дошница.

Активисти од многу градови во Македонија, кои веќе втор месец го блокираат патот до локацијата каде што ќе се гради хидроцентрала

Таа разговарала со нив и ги прашала за нивниот мотив за заштита на реката Дошница.

„Слушнав за вашата борба и решив да дојдам да ве посетам. Секоја локална борба е исто така глобална и сите овие борби против уништувањето на природата се поврзани и затоа секогаш ги поддржувам, исто како оние во Шведска. Тие ја жртвуваат планетата и екосистемите, ја уништуваат природата“, им рече Тунберг на македонските активисти.

Таа ги праша активистите зошто се тука, односно да чуе со нивни зборови кој е нивниот мотив.

Некои од активистите рекоа дека се на блокада затоа што водата од реките е неопходна и е универзално добро за целото население, а особено Дошница е река чија вода е за пиење.

Посетата на Тунберг на Кожуф беше претходена од посетата на дискусија за Газа и Палестина што се одржа вчера во Скопје.