Тунтев поднесе оставка од директорската функција во АЦВ, се враќа на работа во ТАВ Македонија

од Vladimir Zorba
839 прегледи

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) Томислав Тунтев поднел оставка од функцијата од лични причини, а Управниот одбор на АЦВ веќе ја констатирал неговата оставка и донел одлука за разрешување од функцијата директор.

Оставката, како што информира, ја поднел на 27 мај, а Управниот одбор на АЦВ ја констатирал на седница на 30 мај.

Тунтев беше директор на АЦВ од 2019 година, а сега се враќа на работа во ТАВ Македонија, каде досега му мируваше работниот однос.

Слични содржини