Актерот и рапер Тупак Шакур почина на 13 септември 1996 година откако беше пукано во него, но не сите веруваат дека тој навистина е мртов. Од тогаш, не престанаа да се шират разни теории за тоа дали тој навистина е мртов.
Една од најшокантните информации која е објавена е онаа на неговиот поранешен телохранител кој на медиумите им раскажал како му помогнал на раперот да ја лажира својата смрт и да замине на Куба. Луѓето од сите делови од светот, во последниве 23 години, во повеќе наврати им се јавувале на новинарите велејќи дека го виделе рапероти или дека имаат детали за неговата смрт.
Сето ова го поттикнало продуцентот Рик Бос да сними филм на оваа тема. Тој најави дека филмот ќе го носи насловот „2Pac: The Great Escape From UMC“, пишува The Rolling Stone.
– Во филмот ќе го следиме Тупак како заминува од Лас Вегас и продолжува да живее во Нов Мексико. Се разбира дека е можно да се напише фикција, но ова не е. Ова се факти кои доаѓаат од проверени извори – објаснил Бос.
Но, актерот кој ќе го глуми славниот рапер, Ричард Гарсија, не се сложува со мислењето на режисерот, туку истакнува дека верува во тоа дека раперот починал во 1996 година.
Филмот се очекува да излезе во 2021.