Тупанчески доби опомена од Грковска за гратис патувањето во Палермо

од Берта Китинска
228 прегледи

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска до министерот за правда Никола Тупанчески доставила писмена опомена за непочитување на член 12 и член 17 од Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носители на јавни функции именувани од страна на Владата.

„Како лице задолжено од Владата за следење на спроведување на Кодексот, а врз основа на информациите и податоците што министерот Тупанчески ги достави, заменик-претседателката Грковска констатира дека не е постапено согласно одредбите пропишани во Кодексот, при што меѓудругото, укажува дека согласно член 9 од Кодексот, носителите на извршни функции одговараат неселективно, навремено и аргументирано на прашања и коментари на јавноста за сите аспекти од своето работење и работењето на својата институција,врз основа на анализите направени изминатиот месец и утврдените слабости во Кодексот, а во соработка со нашите меѓународни партнери се работи на подобрување на решенијата предвидени во Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носители на јавни функции именувани од страна на Владата“ велат од кабинетот на вицепремиерката.

Тупанчевски пред неколку дена призна дека не ја платил карата за чартер-летот до Палермо каде македонската фудбалска репрезентација играше против Италија.

Министрерот во кажа дека не платил ниту за влез во стадионот каде се одржуваше натпреварот, бидејќи тоа одело на сметка на Фудбласката федерација на Македонија (ФФМ), појанувајќи дека не го прекршил Етичкиот кодекс, во кој има наведено до колку пари и под какви услови може да се примаат подароци.

Тупанчевск пред неколку дена тврдеше дека билетот и авионската карта сам ги платил.

Слични содржини