Тупанчески ги прими претставниците на Независниот синдикат на судската полиција

од Берта Китинска
199 прегледи

Од Министерството за правда информираат дека министерот за правда Никола Тупанчески ги прими на разговор претставниците на Независниот синдикат на судската полиција на која беше информиран за барањата на судската полиција за зголемување на платата за 15%. Договорено е најдоцна до крајот на неделата да се воспостави комуникација со Министерството за финансии околу обезбедувањето на финансиски средства.

-Министерството за правда ќе стори се што е во негова надлежност за подобрување на материјалната состојба на вработените во судската полиција, велат оттаму.

Слични содржини