288
На покана на ФФМ јас присуствував на натпреварот, но тоа што се нарекува аранжман подготвен и фактура испратена од Агенцијата која го организираше патувањето е платено во временскиот рок кој е предвиден во фактурата, вели министерот за правда Никола Тупанчески во дебатниот магазин „Click Plus“ во врска со патувањето во Палермо.
Тој додаде дека му пречи кога мора да комуницираат со медиумите за да ги покажат сметките.
„Значи има институции кој што може во секој момент тоа да го проверат, и го проверија“, вели Тупанчески.
Тој вели дека не се согласува со писмента опoмена на Грковска.
„Не, не се согласувам уште еднаш сум конзистентен на својот став дека нема повреда на норма“, вели Тупанчески.