Тупанчески се сретна со Стејровски, разговарале за правата на македонското малцинство во Албанија

од Vladimir Zorba
158 прегледи

Министерот за правда Никола Тупанчески за време на работната посета на Албанија се сретна со Васил Стејровски, Претседател на Македонската алијанса за европска интеграција.

На средбата се разговараше за правата на македонското малцинство во Албанија.

Беа отворени повеќе прашања за унапредување на статусот на Македонците во албанското општество, како и за начините врз основа на кои Република Северна Македонија и Република Албанија, во рамките на својата соработка можат да го помогнат овој процес.

Во таа насока во континуитет се преземаат активности за обезбедување на институционална поддршка за заштита и унапредување на културниот и јазичниот идентитет на македонското малцинство.

На средбата која се одржа во македонската амбасада во Тирана присуствуваше и Амбасадорот Данчо Марковски.

Слични содржини