Тупанчески стана шестиот македонски амбасадор во Белград

од Nikola Popovski
224 прегледи

Универзитетскиот професор и поранешен министер за правда, Никола Тупанчески стана шестиот македонски амбасадор во Белград, откако денеска на српскиот претседател Александар Вучиќ, на свечена церемонија му ги предаде акредитивните писма.

– На новоименуваните амбасадори им посакав топло добредојде и успех во работата за време на нивниот мандат во нашата земја. Разговаравме за билатералните односи, можностите за проширување и зајакнување на соработката во области каде што потенцијалот не е доволно искористен, како и други важни прашања. Ја искористив приликата накратко да укажам на огромниот потенцијал за инвестиции во Србија и изразив уверување дека добрите политички односи меѓу нашите земји ќе бидат придружени со уште подобри економски врски и соработка во сите области од заеднички интерес, објавил Вучиќ на социјалните мрежи откако примил акредитивни писма од неколку новоназначени амбасадори.

Тупанчески очекува да се подобри соработката меѓу Македонија и Србија.

-Предавањето на акредитивните писма на претседалот на Србија Александар Вучиќ, преставува формално отпочнување на можноста соработката меѓу овие две држави да биде подобрена и истоврмено да се надгради. Ова е вистински момент и во своите тези што ги бранев пред македонското собрание напоменав дека се работи за период што има ренесансен карактер и кој во иднина треба да преставува иницијална каписла во остварувањето на сите замислени можности и форми за соработка, изјавил амбасадорот Тупанчески.

Земјата седум години беше без дипломатски претставник во Србија.

Фото: Tanjug/Strahinja Aćimović

Слични содржини