Тупанчески за РСЕ:Говорот на омраза не секогаш треба да го врзуваме за Бугарија

од Vladimir Zorba
231 прегледи

Секој кој смета дека во некој текст или некое друго место има елементи на говор на омраза може да поднесе кривична пријава, но само институциите на нашата држава се оние кои треба да одлучуваат по тоа прашање, вели министерот за правда Никола Тупанчески во неделното интервју за РСЕ.

„Имаме ние национално сопствено законодавство каде што прецизно го имаме дефинирано поимот говор на омраза или синтагмата говор на омраза. Тоа значи дека доколку има прекршување на она што се нарекува позитивно право тогаш ќе зборуваме за говор на омраза без некакви дополнителни елементи или сегменти.Нашата дефиниција за говор на омраза што претставува предикативно дело за некои потешки форми на кривични дела е позиционирано врз основа на добро утврдени европски стандарди, така што без оглед на конкретните состојби, билатералниот договор е прилично апстрактен во таа сфера, меѓутоа ние имаме национална регулатива и доколку се држиме до националната регулатива практично ќе стигнеме и до посакуваната цел дека говорот на омраза не секогаш треба да го врзуваме со Бугарија туку да му дадеме малку екстензивно значење“, рече Тупанчески.

Слични содржини