Тупанчевски: Донесени законите со кои се зголемуваат платите на вработените во ЈО и во затворите

од Берта Китинска
247 прегледи

Собранието ги донесе законите за судска, за јавнообвинителската служба и за извршување на санкции со кои се зголемуваат платите на вработените, објави на својот Фејсбук профил министерот за правда Никола Тупанчевски.

-Со Законите за изменување на законот за судска служба и за јавнообивинителска служба вработените ќе имаат повисока плата за 15%.Со Законот за изменување на Законот за судска служба се постигнува еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор, служба како негов дел, со најниските примања преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на судските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во судската администрација во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел.

Законот за изменување на законот за јавнообвинителска служба има за цел воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на јавно обвинителските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во јавно обвинителската администрација во однос на минималната плата на национално ниво.
Законот за изменување на законот за извршување на санкции овозможува да се постигне еднаквост во најниските примања на затворската полиција преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата, вели Тупанчевски.

Слични содржини