Тупанчески: Ќе и предложам на Владата да се формира меѓуресорска група која ќе дава мислење за историски личности

од Vladimir Zorba
229 прегледи

Министерот за правда Никола Тупанчески соопшти дека на денешната седница на Влада ќе предложи да се формира меѓуресорска група како преодно решение која ќе дава мислење за историските личности во процесот на регистрација на здруженијата.

,, Она што во меѓувреме би требало да се направи според мене како министер за правда е да се превенира во однос на спречувањето на состојбите. Тоа значи дека денеска ќе се обидам и на седница на Влада да предложам решение – бајпасирање на состојбите до донесувањето на нов Закон за здруженија и фондации. Мојот предлог би бил да се формиа ад – хок тело, меѓуресорско, експертско, кое ќе дава мислење за карактерот на историските личности,односно на начинот на кој што ќе се формираат или ќе дадат мислење за давање на согласност”, рече министерот за правда Тупанчески одговарајќи на новинарски прашања. Со ова ќе се намали можноста за злоупотреба на одредени личности кои имаат негативен контекст низ различни историски епохи.

Слични содржини