Тупанчевски не е министер од 13. февруари и нема право да го потпише мислењето за еврообврзницата, велат од Правда

од Nikola Popovski
151 прегледи

Ресорот правда информира дека министерот за правда Никола Тупанчески до Владата поднел оставка од функцијата на 10.02.2023 година.

-Собранието ја констатираше оставката и престанокот на функцијата министер за правда на седница на 13.02.2023 година. Од 14.02.2023 година, Никола Тупанчески е во работен однос на Правниот факултет ,,Јустинијан Први”. Барањето од Министерството за финансии за потпишување на правно мислење за еврообврзницата е примено во Министерството за правда на 15.02.2023 година.

Со оглед на тоа што Тупанчески не е министер за правда од 13 февруари, тој нема право да стави потпис како министер, посочуваат од Министерството за правда.

Ова следува откако Тупанчевски пред оставката не го потпишал мислењето за новата Еврообврзница што ќе значеше ново задолжување на државата од 600 милиони евра.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска демантираше дека Тупанчевски се налутил.

-Тоа е процедурално прашање, тој е во оставка и не е до тоа дали некој сакал или не сакал да потпише. На тој ден не ја потпишал, затоа што бил во оставка, рече Ковачевски.

Слични содржини