Категорично отфрлам дека постои тип на одговорност. Значи две прашања се важни. Првото е како јас патував во Палермо. Повторувам дека моето патување на натпреварот не беше во рамките на службените должности и тоа е факт, рече министерот за правда, Александар Тупанчевски за случајот „Палермо“, каде што заедно со обвинителката Фатиме Фетаи и судијата Лазар Нанев заедно присуствуваа на натпреварот Македонија-Италија.
Според министерот нема ништо неетичко по ова прашање.
-Дали постои нешто што не е во ред? Отфрлам дека има такво нешто. Како се најдов…Во авионот се најдов така што трошоците со ова патување ми беа испорачани од агенцијата што го организираше патувањето. Авионскиот билет и картата за мечот во Палермо сам си ги платив. Тоа е лесно проверливо и може да се дознае да се види и има доказ дека е исплатено од мојата трансакциска сметка. После патувањето се видов со премиерот Ковачевски. Тој не може да биде имун на тоа што се пишуваше и зборуваше во јавноста, информира Тупанчевски за емисијата „Трилинг“.