Тупанчевски размислува за законски измени: „Струга е градот на затворски туризам“

од Nikola Popovski
199 прегледи

Министерот за правда, Никола Тупанчевски размислува да предложи извршувањето на затворската казна на осудениот да се врзе со неговото место на живеење во последните две години. Тој во интервју за РСЕ, изјави дека „Струга испадне да биде градот на затворски туризам“.

-Се работи нели за закон од отворен тип и се разбира дека и во однос на безбедноста и условите за издржување на казната се попривилегирачки или подобри во однос на другите казнено поправни установи во нашата држава. Правна можност за тоа постои, но она што ние можеме да го направиме како правда во иднина, еве се менува и законот за извршување на санкции, каде што еве како идеја би можело да ставиме, односно би било добро „извршувањето на казната да се врзе со последните 2 години на живеалиште од пред извршување на кривичното дело, појаснил Тупанчевски во интервјуто.

Ваквата реакција следува откако поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, на 8 август годинава треба да се јави во Казнено-поправниот дом (КПД) во Струга за издржување на тригодишната затворска казна во предметот „Империја“. Издавањето на упатниот акт следува откако Мијалков ја промени адресата на живеење од Скопје во Охрид.

Тој не е единствениот од „Империја“ кој призна вина, се спогоди, а потоа промени адреса за да ја издржува казната во струшкиот затвор. Ист беше случајот и со бизнисмените Орце Камчев и Ненад Јосифовиќ кои постигнаа спогодба кон крајот на април годинава.

Слични содржини