Министерот за правда Никола Тупанчески смета дека она што го кажа синоќа претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен влева оптимизам дека сме на вистинскиот пат во однос на реформите во правосудството.
-Извештајот за напредокот во нашата држава е компломентарен и содржи повеќе сегменти. Посебно се апострофирани неколку прашања, едното од нив е правосудниот систем, вториот корпус на прашања се однесува на борбата против корупцијата, третиот корпус е борба против организиран криминал и четвртиот, тероризмот и насилниот екстеремизам, рече Тупанчески.
Министерот смета дека постојат начини и механизми како да се утврди потеклото на имотот.
-Идејата за нов Закон за потекло на имот никогаш не била најавувана од страна на министрите за правда во изминативе години туку иницијално доаѓала од вицепремиерите за борба против корупцијата. Без оглед на статусот што го имате во општеството,секој треба да се одговара според она што го направил. Има и други институции кои што би требало да ја утврдуваат противправноста на имотот.Улога треба да има и Антикорупциска комисија,рече Тупанчески во синоќешната дебата на „24 Анализа“.