Тупураинен: Добредојдовте во ЕУ, ќе се зајакне македонскиот јазик и идентитет

од Nikola Popovski
181 прегледи

Министерката за европски прашања на Република Финска ,Тити Тупураинен на денешната прес-конференција во Владата заедно со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ испрати порака до македонскиот народ и посака „добредојде во ЕУ“.

-Тоа е добро место. Ние кога се приклучивме во 1995 година се сменија нештата и во однос на тоа кои сме ние. Ние имаме јасен идентитет како Финци и сме дел од голема заедница. Се додадоа многу вредности, одржлив раст, предност во глобалното влијание. Ние сме посилни во ЕУ и не се случила никаква наша асимилација во европскиот идентитет. Вие длабоко во себе знаете кои сте и знаете што сакате и да го употребувате вашиот јазик. Препорачувам С. Македонија да направи голем чекор, мојата земја ве поддржува. Ова ќе ве направи посилни, ќе го зајакне македонскиот јазик и идентитет. Ова ви го кажувам од финското искуство, рече Тупураинен, која е во официјална посета на Скопје.

Слични содржини