Хана Арент сметаше дека треба да се интелектуализира КИЧОТ, како еден од начините во пронаоѓање решение за една таква појава – често поврзана со ниските страсти и незнаењето на луѓето, која станува директна закана за живењето и понатамошната вообразба на реалитетот. Она што на Балканот со години се провлекува е Турбо- фолк сензацијата, која најчесто се поврзуваше со музиката. Но сега, токму сега се почувствува дека на Балканот владее турбо- фолк колетивина свесност која се обидува да го затруе секој дел од живеењето, постоењето, битсвувањето со цел губење на есенцијата во Битието.
Параметрите на оваа кич култура наречена „турбо-фолк“ не е нешто ново и непознато. Фактот дека е опасна како метастазиран канцер, покажува и еднонасочноста која го формира Еднодимензионалниот човек. Оваа појава и нејзиното влијание врз човекот веќе одамна се анализира во академските и освестените кругови на граѓани кои се обидуваат да го надминат и препознаат како живеење.

Линк до книгата на Урош Чворо каде детално се обработува импактот на турбо фолк перцепцијата.
Турбо-фолкот е порнографија. Класична екплоатација на чувства, перцепции, размислување. Овој феномен не само што е видлив во Македонија, туку суптилно е затскриен во секоја политичка порака, градба, реклама – испратена од 10 годишното владеење на Партијата. Многумина мислат дека конзервативните идеи на оваа политика која ја врзуваа единката со семејството, третото дете, наметнува превентива од алкохолизам и наркотици, а единствено нуди прошетка по убавата ни Македонија, е освестена кампања на „чесниот“ Владетел, чија еднинствена желба е „среќата“ на субвенционираните земјоделци, на народот.

Овие кампањи го навестуваа изолираниот човек, обесчестениот, зависниот, должникот на Партијата. Ова е сценарио за најтажниот филм на дистописки човек, затворен во едно опкружување на семејството и едноличитео кое го нуди таквото живеење.

За да биде вулгарноста поголема, сензацијата која ја предизвикува „реформираната култура“ не само што е мегаломанска, туку застрашувачи авторитативна. Се врзува за големиот човекот – надчовекот. Ете, вака навидум се се само празни зборови, но во секој споменик во Скопје се крие пораката за големиот авторитет кој треба да предизвика стравопочит кај граѓанинот, и сите оние дополнителни реквизити кои „ги красат“ т.н уметнички дела се исполнети со терор (ножеви, пушки, камења) што само ја надополнуваат естетиката за покорност.

Ама, за перверзијата да биде поапстрактна, клучниот дисбаланс е направен во делот на човековиот интегритет кој повеќе не е во можност да ја препознае сопствената суштина.

Оваа колонизација на човечкото, предизвикува нервниот слом на општествениот и демократски контекс.Сега, вратете се во село – нема место во граѓанството. Да живее слободата на натуралниот демос!
Вероника Камчевска
Препорака за филм поврзан со распаѓањето на деструктивниот човек во отуѓено општество.