Турчин украл велосипед од зграда во Аеродром

Велосипедот е пронајден и вратен на сопственикот

од Nikola Popovski
18 прегледи Фото: Фејсбук

На 01.04.2026 во 22:00 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Ф.Ј.(26) од Турција, со престој во Скопје.

Тој се сомничи дека во периодот од  30.03.2026 до 01.04.2026 од ходник од станбена зграда на подрачјето на општина Аеродром одзел велосипед од 26-годишник од битолско. Велосипедот е пронајден и вратен на сопственикот.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.